WE ARE  COMMITTED TO THE  RULE OF LAW , JUSTICE AND HUMAN RIGHTS AND FREEDOMS

Click here to edit title

e

Здружението, согласно Статут,  ги насочува своите активности кон следните цели:


- Заштита на човековите права и слободи

- Јакнење на граѓанската иницијатива

- Јавно делување  за правата на граѓанинот и реализација на правната заштита врз основа на Уставот, законите и меѓународното право

- Интеграција на Репубика Македонија на меѓународно ниво

- Промовирање на човековите права со посебен осврт на правата на жените, децата и старите лица

- Набљудување, застапување и лобирање за нова или промена на постојната законска регулатива

- Залагање за почитување на личноста, интегритетот и достоинството на граѓаните

- Родова  рамноправност

- Проширување и зацврстување на меѓусебна соработка , толеранција и разбирање

- Подигање на свеста на граѓаните за сите проблеми од правен, економски, културен, социјален и друг карактер и давање помош во нивно решавање

- Организирање на трибини, семинари, медиумски кампањи, и др.видови на јавно информирање на граѓанинот.

- Организирање на  различни облици на едукација и обука

- И други цели и задачи кои ќе произлезат од тековно работење на здржението.


- Здружението е здружение определено да развива различни облици на соработка  со други здруженија, организации и установи, локални и меѓународни, за остварување на своите цели.



Визија на организацијата:


Постигнат максимум во реализација на  човековите права и слободи , во остварување на темелните вредности гарантирани во Уставот , владеењето на правото и правдата  и меѓународното право во Република Македонија.


Мисија на организацијата: 


Имајќи ја предвид специфичната ситуација на небаланс помеѓу владеење на правото и правдата и човековите права и слободи и нивната реализација во Република Македонија, остварување на нашата визија ќе биде возможно преку насочување на капацитетите на организацијата кон остварување на непосредно учество во креирање на политиките и инсистирање на реализација на постоечките, остварување на влијание во заштита на темелните вредности на Уставот на Република Македонија и меѓународното право,  односно со целосна посветеност на владеење на правото , правдата и човековите права и слободи гарантирани во Уставот и меѓународното право.

Годишен финансиски и наративен извештај:


Јустиција нема реализирано проекти со поддршка на донатори, завршна сметка има со салдо 0, под 2500 евра во денарска протвредност. Проектите се реализирани со самофинансирање на активистите/членови на здружението Јустиција.